(ВИДЕО) Спасовски: Вие граѓаните ќе бидете контролори на Буџетот!

0
1122

Прес конференција
Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ
Охрид, 15.10.2016
Почитувани граѓани,

Секој буџетски денар мора да биде на ваш увид и тоа многу брзо ќе се случи.

Времето на неодговорни политичари завршува.

Ќе овозможиме на сите граѓани да имаат редовни и точни информации во кои проекти се вложуваат вашите пари што се слеваат во Буџетот на Република Македонија.

Сите државни институции ќе имаат обврска да објавуваат детални месечни извештаи за сите исплатени пари од Буџетот. Исто така, ќе се објавуваат и обврските коишто не се исплатени, заедно со образложение зошто тоа не е сторено, ако не е.

Сите овие податоци ќе стојат на веб страницата на Министерството за финансии.

Со тоа, секој граѓанин, во секое време, ќе има можност да изврши увид во Буџетот.

Секој од вас ќе биде контролор над власта.

Нема повеќе привилегирани политичари кои трошат ваши пари за лично богатење, како сега и при тоа не понесуваат никaква одговорност.

Новата одговорна и транспарентна Влада по промените во декември, што ќе ја предводи СДСМ, ќе работи исклучиво во служба на вас граѓаните.

img_1915 img_1984 img_2000 img_2017