1 во 60 милиони: Жената што забременила со петорка по природен пат (ФОТО+ВИДЕО)

0
1698

Австралијанката Ким Тучи (26) пред неколку месеци им го привлече вниманието на медиумите со прекрасната фотосесија снимена на плажа, но пред сè поради фактот што беше бремена со пет бебиња, зачнати по природен пат. Шансите да се случи тоа се 1 во 60 милиони.

Кон крајот на јануари, пред да влезе во 30-та недела од бременоста, Ким се породи и ја објави првата фотографија со своите малечки. На неа, синот Кит и четирите ќерки Тифани, Пенелопе, Беатрикс и Алисон, кои мирно лежат во своите транспортери, подготвени за медицински преглед.

https://youtu.be/YzADbUSBB6Q

Подоцна, таа објави уште една фотографија на која позира со своите деца.

Неодамна, Ким и нејзиниот сопруг Воун снимија емисија за животот со пет бебиња и со две поголеми деца. Во неа, исплашената мајка зборувала дека сè уште не се чувствува подготвена да ја напушти куќата со целото семејство и дека некогаш се заклучува и плаче на подот од бањата зашто ѝ треба уште време за да се адаптира на новиот живот.

3-2

Парот има задача да промени 350 пелени неделно, а секое од бебињата се храни 8 пати дневно, што значи дека за сите бебиња се потребни 40 шишиња млеко дневно. Сепак тоа го постигнуваат со помош на роднини и волонтери. И покрај напорната работа, Ким вели дека се посреќни отсекогаш и дека не можат да си го замислат животот без нивните мали чуда.