ПОРТАЛОТ ВИСТИНОМЕР ЈА РАЗНЕСЕ ЛАГАТА НА ВМРО-ДПМНЕ : Не е вистина дека тетовчани го избркале Заев

0
1181

Пишува: Ардит Рамадани

Рецензираната вест најпрво се објави на порталот  “Pa censurë (Без цензура)” а потоа ја објавија и голем број на медиуми, кои во јавноста претежно се познати како мегафон на една одредена политичка партија. Во оваа вест има генерализирање на изјавата на еден поединец, и на овој начин, преку сензационалистички наслови, се манипулира со јавноста.

Тема на оваа вест е посетата на експремиерот Заев на зеленото пазарче во Тетово. Авторот на веста доаѓа до заклучок дека граѓаните Албанци „ја напуштиле коалицијата СДСМ-БЕСА“ и дека овој „последниот“ го „избркале“ од градот Тетово.

Албанците го напуштаат Заев, посебно тие од Тетово, токму во моментот кога и анкетите со неговиот политички ривал ВМРО-ДПМНЕ се во негова полза, пишува во рецензираната вест.

За да го докаже ова, авторот на веста во насловот им ветува на читателите едно видео, но кога ќе се кликне на линкот и се отвара видеото, јасно се гледа дека тоа не соодветствува со тоа што новинарот на порталот го напишал во текстот.

Во видеото се гледа еден граѓанин кој се соочува со лидерот на СДСМ, и му вели дека нема да гласа за него затоа што е разочаран, како и одговорот што Заев му го дава на разочараниот граѓанин. Сепак, не е коректно една изјава на еден граѓанин да се земе како основа за да се тврди за кого (нема) да гласаат граѓаните на Тетово на денот на изборите.

Освен тоа, начинот на кој е напишана оваа вест, освен што ги збунува и манипулира читателите, за ништо и не ги информира, а истовремено не се почитувани ни основните принципи предвидени во  Етичкиот Кодекс на новинарите.

На крај, авторот го завршува текстот со една сосема нова информација, во која тој пишува за нешто кажано од граѓаните на Тетово, меѓутоа не појаснува кој, кога и кој е изворот на информацијата.

Некои од нив мислат дека имаме доволно партии кај Албанците и овој пат немаме зошто да се определиме за една македонска партија, вака завршува рецензираната вест.

Стара пракса и техника на манипулирање од страна на новинарите е употребата на анонимни извори. Во моментот кога новинарот му вели на читателот „некои од нив“, се создава збунетост која не помага во информирањето на читателите, односно за основната задача на еден новинар.

Во видеото во ниту еден дел не се слуша некој да го кажува тоа што го тврди новинарот во написот, односно дека има доволно партии кај албанците и овој пат немаат причина зошто да се определат за една македонска партија.

Во Етичкиот Кодекс на новинарите стои: „Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти”.

Овој текст е доказ како еден манипулативен напис може да се сподели од неколку медиуми и на тој начин да се изманипулира поголем број читателите.

Извор : Вистиномер