ВИКТОРИЈА АВРАМОВСКА МАДИЌ : СТАНУВА ЗБОР ЗА ЛАПСУС, МИСЛЕВ НА ЕВРЕИТЕ, ИМ СЕ ИЗВИНУВАМ НА ЕГЕЈЦИТЕ

0
397

– Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите, им се извинувам на егејците, истакна Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање.Таа вчера во гостувањето на ТВ 24 рече дека и егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање.

-Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање, изјави Аврамовска Мадиќ.