Изборниот штаб на ДУИ суспендиран, сега ВМРО ги пишува говорите на Ахмети!

0
1166

ВМРО е незадоволна од начинот на кој ДУИ ја води предизборната кампања и загрижена дека поради ова нејзиниот стратешки партнер може да остане со помалку од 5 пратеници.

Партиски извори тврдат дека во ВМРО постои особена загриженост од скандалозните говори на претседателот на ДУИ Али Ахмети, пишува весникот Лајм.

Поради ова, од пред една недела, постепено почнале да се земаат ингеренциите на изборниот штаб на ДУИ, и од вчера тој функционира само формално. Отсега па до крајот на предизборната кампања изборниот штаб на ВМРО директно ке ја координира и диригира кампањата на “инетгративците“.

Во говорите кои шт ке му ги пишува на лидерот на ДУИ, штабот на ВМРО ке стави акцент на патриотско преставување на Ахмети пред албанските гласачи.

Партиски извори тврдат дека за ВМРО е од особен интерес ДУИ на наредните избори да добие најмалку 5 пратеници. Математиките на ВМРО покажале дека со со своите пратеници, и со 5-6 пратеници на ДУИ, и ако останат во опозиција, ќе имат доволен политички капацитет за да ги заштитат од затвор своите функционери кои се осомничени од СЈО.