Поради минималната победа во Кр.Паланка, ескалира незадоволството во ОК на ДПМНЕ

0
3092

Само еден ден по завршување на изборите, почнаа да излегуваат несогласувањата кај членството и активистите на Вмро-Дпмне во Крива Паланка. Причина е изборниот резултат. Пред само две години, во оваа општина, владејачката партија победи со над 3200 гласови разлика а на овие избори таа огромна разлика се стопи на само 600-тини гласови. И нормално, сега ќе се бараат причините и слабостите зошто и од каде толку многу е намален соодносот помеѓу двете најголеми партии. СДСМ во Крива Паланка победи речиси во сите градски месни одбори а на само еден глас се доближи и во дувлото на ВМРО-ДПМНЕ, “Илинденска”. Од тука почнаа и првите јавни критики на Фејсбук, упатени од активистите кон локалните функционери и директори. Така, како за почеток главни виновници за резултатот во најголемата вмровска населба во Крива Паланка, “Илинденска”, се посочуваат директорите на основното училиште Илинден како и директорот на Средното училиште “Ѓорче Петров”. Активистите гневни за нив пишуваат: Да ги нема од партија!

demantiraj 15497814_386302965094794_942250404_n