ДЕБЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО, ДОСТАВЕНИ ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

0
875

Измените на Изборниот законик, во кои што се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прст на локалните избори со поддршка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и БЕСА, попладнево се поднесени до Собранието.

Измените на Изборниот законик во Собранието беа поднесени откако вчера лидерите на двете најголеми партии во државата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицковски постигнаа договор во однос на употребата на фингерпринтот на локалните избори. Тие вчера се договорија исто така за одложување на пописот, би требало да се одржи во периодот од 5 до 30 септември и поради тоа ги пролонгираа и локалните избори за втората половина на октомври.