ФИЛИПЧЕ: НЕМА НОВИ РЕСТРИКЦИИ, ИМАМЕ ЗГОЛЕМЕНИ БОЛНИЧКИ КАПАЦИТЕТИ

0
654

“Нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на 6 до 8 недела од третиот бран. Болничките капацитети за прием на ковид пациенти се зголемени за 50% во однос на ноември иако зголемена е и потребата од хоспитализација. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид пациентите.

Ова е заклучокот од денешната координација на министерот за здравство, Венко Филипче со директорите на Ковид центрите и претседателот на Комисијата за заразни болести околу епидемиолошката состојба во земјава.

Според епидемиолозите, вирусот има широка инфекција на територија на цела држава и во сите болници низ земјата има повеќе слободни кревети.