ВЕЛЕШАНИ ЗАРАБОТИЛЕ 11 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЛАЖНИ ТРАМП КАРТИЧКИ И СУВЕНИРИ!

0
301

Интернет измама со продажба на лажни “Трамп вредносни картички и апоени“ со кои ако ги купите сега ќе вредат десет или повеќе пати откако Трамп ќе победи на изборите во САД – се вртат по интернет, наседнуваат и плаќаат наивните, а патот до изворот на измамата води до – нашиот Велес. Во прашање се заработки од милиони долари.

Од 69 креатори на слични производи за продажба, врз основа на податоците од социјалните мрежи, може да се утврди дека најмалку 45 од нив како локација го поставиле македонскиот град Велес.

Меѓу нив има и такви кои се претставуваат како студенти, но и такви кои наведуваат дека водат детски игротеки, продаваат машки костуми или дека биле сопственици на локална месарница… РСЕ (Радио слободна Европа) контактираше неколкумина, но никој не беше расположен за разговор.

„Дел од младите најдоа начин да заработат сериозни финансиски средства со брза заработка, но сега гледам дека и следните генерации млади луѓе одат по тој чекор на заработување.“, рече Колев.

Извор : Инфомакс.МК