НАШИОТ ЈАЗИК Е КОДИФИЦИРАН ВО 1945 ГОДИНА И ТОА Е ФАКТ, БУЈАР ОСМАНИ: ПОСЕБНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК САМО СЕ КОНСТАТИРА СО ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ

0
371

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека останува португалскиот предлог за македонскиот јазик да се реши дипломатски со посебни изјави на двете страни. Португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва му потврдил на Османи дека нема поместување во однос на позицијата на Португалија за решавање на спорот со Бугарија. Истиот тој предлог останува да се продолжи и со Словенија како нов претседавач со ЕУ.

“Формулацијата за јазикот останува во преговарачката рамка, односно како сегашниот предлог на Комисијата, додека на самата меѓувладина конференција Бугарија би дала своја унилатерална изјава со свои погледи за јазикот и ние би имале наша едностарана изјава, а ЕУ само ќе забележи дека има две унилатерални изјави, односно два различни става во однос на тој процес” – рече Османи.

Предлогот се состои во тоа што од нас се очекува да се потврди дека јазикот е кодифициран од 1945 година.

Во Софија беа разменети идеи по однос на содржината на патоказот. Потврдувам дека тоа што точките во јавноста се спомнуваат, се тие што ги разговараме за патоказот, но не разговараме билатерално за идентитетските атрибути бидејќи тие не се прашања што се предмет на билатерални спорови” – рече Османи.

“Дијалогот со Бугарија нема да го правиме преку медиуми. Нашите позиции по однос на прашањето за кое што разговараме и за прашањата за кои не разговараме сме ги претставиле пред јавноста во многу наврати. И фактот дека на последниот документ што го добив од министерот за надворешни работи на Бугарија се третираат само прашања за коишто сме разговарале и за кои можеме да разговараме укажува дека тоа е така. Меѓутоа, ние ќе продолжиме да комуницираме преку дипломатски канали и директно преку министерствата во однос на враќање на довербата, во однос на изнаоѓање на решенија како да го надминеме ова прашање” – истакна Османи.