ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО МЕНАЏМЕНТОТ НА ЈУЖНОКОРЕЈСКАТА КОМПАНИЈА АЛМАК: ЌЕ ИНВЕСТИРА 30 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ 2

0
756

Премиерот Зоран Заев се сретна со менаџментот на јужнокорејската компанија Алмак и на нејзиниот локален партнер Дура аутомотив системс, на која што беше презентиран нивниот нов инвестициски проект  во земјава.

Средбата се одржа пред утрешното официјалниот почеток со активностите на двете компании за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона Скопје 2.

“Станува збор за нова инвестиција во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија” – велат од Владата.

Почетокот на производството се планира за следната година.

Компанијата од Јужна Кореа, Алмак ќе има мнозински удел во заедничкиот инвестициски проект од 70%. Главна причина за нивната одлука за инвестирање во Северна Македонија е позитивното искуство со нивниот бизнис партнер Дура аутомотив системс.