АНА ГЛИГОРОВСКА : ЗАКОНОТ ЗА ЗАСТАРУВАЊЕ Е ВО СИЛА, КАЖЕТЕ ИМ НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ

0
420

Aктивистката Ана Глигоровска повторно на социјалните мрежи коментира за застарувањето на долговите.

„Ајде сега извршители, Уставен правилна одлука донесе, не ги прифати иницијативите на адвокатска комора, извршна комара,…за поништување на законот кој беше донесен летоска, за застареност на побарувањата. Законот за застарување е во сила, кажете им на извршителите“, пишува таа.

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи и Законот за извршување од причина што смета дека двата закони се во согласност со Уставот. Ова значи дека не се прифатени наводите на подносителите од 15 иницијативи кои за овој предмет беа поднесени до Судот.

„Остануваат во правниот промет сите членови од измените на Законот за облигациони односи, како што е членот 1 кој дефинира дека износот на достасаната, неисплатена казнена камата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главнината. Понатаму, членот 2 според кој сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или друг надлежен орган застаруваат за 5 години, од моментот на нивната извршност итн.

Според Уставниот суд неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите со тоа што законодавецот, односно Собранието предвидело да се ограничи висината на казнената камата, кога ќе го достигне износот на главнината.

Судот смета дека оспорениот член 4 од Законот за облигациони односи нема повратно дејство, односно ретроактивност бидејќи се однесува на постапки кои се уште траат, не се завршени, а не и на оние постапки кои пред влегувањето во сила на законот завршиле. Меѓу другото Судот оцени дека не е повреден принципот на поделба на власта, како што се тврди во иницијативите“, велат од Уставен суд.

Според Уставниот суд неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека должникот е доведен во попривилигирана положба во однос на доверителот, бидејќи членот 1 не дефинира за кого се однесува, туку напротив јасно и прецизно произлегува дека се однесува на сите субјекти на пазарот подеднакво.
Овој предмет е работен темелно со анализирана уставно-судска пракса, и за него беше обезбедено мислење преку Форумот на Венецијанската комисија, што значи pрибрани се искуствата на повеќе земји меѓу кои Словенија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина, Латвија, Полска, Шведска, Данска итн.

Подносители на иницијативите:
– Владо Костовски, адвокат од Охрид,
-Вангел Баракоски, адвокат од Охрид,
-Никола Источки, адвокат од Ресен,
-Петар Баришиќ од Скопје,

– Адвокатска комора на Република Северна Македонија,
– Комора на извршители на Република Северна Македонија,
– ЕВН Македонија,Акционерско друштво за услуги-Скопје, ЕВН Хоме ДОО Скопје, Друштво за обезбедување на универзална услуга за снабдување со електрична енергија, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Македонија, Електроснабдување ДООЕЛ Скопје,

– Ѓорѓи Андов од Куманово,
-ЕВН Македонија,Акционерско друштво за услуги-Скопје, ЕВН Хоме ДОО Скопје, Друштво за обезбедување на универзална услуга за снабдување со електрична енергија, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, друштво за дистрибуција на електрична енергија, ЕВН Македонија, Електроснабдување ДООЕЛ Скопје, Друштво за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ – Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, Стопанска комора на Република Северна Македонија,

-Синиша Станковиќ, адвокат од Скопје,
– Македонска банкарска асоцијација-Скопје,
– Трајче Торов, адвокат од Штип,
– Љупцо Наумоски од Охрид, и
-Друштво за производство, инженеринг и трговија „Хидротерма“- Дооел, увоз-извоз Куманово.