РАЗРЕШЕНИ ДРЖАВНИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ НА ПОДРАЧЈАТА НА СКОПЈЕ И СТРУГА

0
260
На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на денешната седница на Владата се донесе одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

„Владата на РСМ одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител“ соопшти владината прес-служба.