ВМРО-ДПМНЕ! АБЕ, АЈ ДОСТА ЗИЈАНИ ПРАВИТЕ ВРЗ ПИОМ!

0
1067

Ај ако може ВМРО-ДПМНЕ да не се вади дека минусот во Фондот за пензиско и инвалдиско осигурување (ПИОМ) бил заради „транзиционите трошоци поради реформата на пензискиот систем“. Чилеанецот што го смисли новиот пензиски систем (и во Чиле и во Македонија и кој од Светска банка беше платен 150.000 долари за своите услуги – највисок износ што странски консултант го наплатил во земјава во изминатите 25 години) сигурно не беше толку глупав да не натовари со толкав минус од 20,845 милијарди денари (339 милиони евра во 2013 година, а кои сега се 370 милиони евра) одеднаш и нагло. Погледнете го графиконот долу – САМО СИНИОТ ДЕЛ од минусот на ПИОМ се однесува на фамозните „транзициони трошоци“. И тој дел не е проблематичен. Проблематични се редица други политики на власта, кои директно влијаат врз големината на минусот на ПИОМ.

И, исто така, ај ако може ВМРО-ДПМНЕ да не се вади со тоа што сите пензиски фондови во ЕУ биле во минус. Тоа не е аргумент во ситуација кога овој нашиов минус е неоправдано голем, да не кажам ОГРОМЕН и доаѓа во ситуација кога државата во 2013 година, на пример, му дала на ПИОМ дури 647,4 милиони евра за да може редовно да исплаќа пензии.

Ако не сакаше олкав огормен минус во ПИОМ, ВМРО-ДПМНЕ требаше да:

– олабави со зголемувањето на пензиите и да не ја претвора земјава во „пензионерски рај“ преку предизборен поткуп. Со идното најавено покажување на септемвриските пензии годинава за дополнителни 5% во ситуација кога и речиси нема инфлација, македонските пензионери ќе имаат 20,2 отсто повисоки пензии од бугарските и 10,1 отсто повисоки пензии од српските;

– отвори очи кога преговара со странските инвеститори и да не дозволи за нивните вработени барем 2 години да не се плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување во ситуација кога ПИОМ е во минус сега веќе 370 милиони евра, а јавните здравствени установи (ЈЗУ) 52,5 милиони евра заклучно со 31 август 2015 (износ кој досега е најверојатно дополнително зголемен). Има куп други олеснувања кои можат да им се понудат на странските инвеститори наместо да се доведува во прашање солвентноста на ПИОМ и ЈЗУ;

– отвори очи кога ги креира политиките за вработување и самовработување во кои главна олеснувачка мерка е токму ослободување од плаќање придонеси за пензии во период од една или две години и слично.

А, и не ќе беше лошо ни да објасни како тоа и зошто тоа во ситуација на згоемена вработеност и „најниска стапка на невработеност од осамостојувањето“ финансиската дупка на ПИОМ продолжува да расте уште побрзо.

Значи, кога ПИОМ има негативно салдо од 370 милиони евра и кога социјалните трансфери растат како печури после дожд изминативе 5 години (графикон 2), ај ако може повеќе да не се смислуваат политики и мерки кои само ја зголемуваат оваа минусна дупка!

946777_10207128664209322_1487177010963554585_n 44558_10207128666369376_8730813677001527298_n