Еве кој профил на луѓе се преферираат и унапредуваат од страна на режимот: За полициска бруталност на службеник Македонија ќе плати 11.700 евра, а ДПМНЕ истиот го награди со градоначалничко место!

0
949

Инцидентот се случил во пекара во Ресен кога полицијата вршела контрола на вработени и дозволи за работа и престој. Во 01:30 утрото жалителот бил однесен во полициската станица во Ресен во канцеларијата на командирот каде тврди, а и судиите во Стразбур во пресудата напишале дека бил тепан до 4 часот изутрината. Од документацијата било судиите заклучиле дека полицаецот му скршил нос за што болницата во Охрид му издала потврда. Но одговорност за насилството се уште нема бидејќи полицаецот напредува на други раководни функции, пренесува „Телма“.

Повредениот поднел приговор до внатрешна контрола и тужба до обвинителството за злоставување од полицијата. Раскажал дека полицаецот насила се обидел да му стави весник во устата и му рекол дека во црна пластична кеса ќе го депортира во Косово. Во документацијата од внатрешна контрола која пристигнала и во Стразбур пишува дека полицајците барале храна и пијалоци за да ги заштит нелегалните работници по што настанала кавга, тепање и наиционалистички навреди. Но државата не презела ништо против полицискиот службеник, појаснува охридскиот адвокат Игор Кичеец кој го застапува повредениот и во Македонија и во Стразбур.

Судот во Стразбур во пресдуата навел дека со постапката на полицаецот односно полициската бруталност е повредена темелната човекова вредност заштитена со конвенцијата за човекови права. Судот упатува на неефикасност на нашите органи и институции да се справат со овој и ваков тип на повреди на човекови права и утврдува дека во конкретниот случај недостасува ефективна истрага односно волња на институциите на системот да го расчистат случајот. Во пресудата судот ги наведува пропустите на сите институции почнувајки од  мвр, која и покрај наодот на внатрешна контрола не побарала одговорност од полицаецот. Во Македонија веќе четири пати апелациониот суд ги укинува ослободителните пресуди за полицаецот.

Ова е една од 500-тотините тужби кои во просек годишно стигнуваат во судот во Стразбур. Од нив според прецизната статистика на министерството за правда два и пол проценти завршуваат со пресуда. Лани биле донесени 12 пресуди и државата треба да излпати90 000 евра оштета.

Видеото ОВДЕ(Телма)