ВО ПРИЛЕП ДЕНЕС ДВАЈЦА ЗАБОЛЕНИ И ДВАЈЦА ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД 19

0
1264

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 15 јуни:

  • Денеска во општина Прилеп има двајца новозаболени и двајца оздравени пациенти од коронавирус;
  • Бројот на активни случаи изнесува 20, од кои 12 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 4 лица позитивни на коронавирус;
  • Во самоизолација се наоѓаат 73 лица, а заради неносење заштитни маски, во деновите од викендот на 48 граѓани им биле изречени прекршочни казни.
  • Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека вкупниот број на инфицирани лица од почетокот на пандемијата изнесува 229, бројот на оздравени е 190, а извршени се околу 2.000 тестирања.
  • Како последица од коронавирусот, во општините кои ги покрива Центарот за јавно здравје – Прилеп, починале 19 лица.

Со почит,

Општина Прилеп