УАПСЕН Е НАСИЛНИК ОД ПРОБИШТИП, СО СЕКИРА СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕ

0
270
МВР информира дека вчера по претходно издадени судски наредби, извршени се претреси на пет локации во Пробиштип и една локација во Штип, при што од слобода е лишен Љ.Н. (43) од Пробиштип.

Љ.Н. на 21. минатиот месец околу 13 часот со секира влегол во училишниот двор на Средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ во Пробиштип и им се заканувал на вработените, со спреј пишувал пораки со заканувачка содржина по надворешните ѕидови од училиштето, по што уништувал предмети и инсталации во ходниците на училиштето и се обидел да ја скрши вратата од канцеларијата на директорката на училиштето.

Полициските информации се дека потоа Љ.Н. влегол во зградата на Центарот за социјални работи во Пробиштип каде упатувал закани по животот на вработените.Против Љ.Н. е поднесена кривична пријава до надлежното Обвинителство, а се преземаат и дополнителни мерки во врска со овој случај.