ОТКАКО БОРИСОВ ПОЛИТИЧКИ ПОТОНА, ПОЧНА ДА ОБВИНУВА ЗА ОТСТАПУВАЊЕ ОД ВЕТОТО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАДЕВ СЕ ДОГОВАРА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ШТЕТА НА БУГАРСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

0
273

“Стратешка цел на Бугарија е членство на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија” – изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов на средба со подмладокот на неговата партија.

Откако разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев, Борисов нагласи дека Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година е основа на односите на Бугарија со Република Северна Македонија

Борисов смета дека начинот на кој што техничката Влада на Бугарија и бугарскиот претседател Румен Радев сега преговараат со Северна Македонија може да доведе до лош резултат за Софија или ќе предизвика двете најблиски земји и нивните народи да се мразат во наредните децении.