ОНКОЛОГИЈА ЌЕ ИМА РАЗРЕШНИЦА, ТВРДИ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ

0
419

Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека случајот Онкологија ќе има разрешница.

-Ќе се знае точно, со име и презиме, кој го прекршил законот, а ќе има и соодветни последици – рече тој, истакнувајќи дека е во постојана комуникација со МВР и со Обвинителство.

Досега, според него, во Министерството за здравство не се пристигнати поплаки од пациенти или нивни блиски во однос на Онкологија, но апелира граѓаните да пријават какви било сомнежи за евентуално неправилно лекување.

-Остапки нема да има – порача министерот, кој тврди и дека откако е дојден на фунцкијата се постапува најригорозно за, како што вели, да не се дозволат злоупотреби или нерегуларности.

Сепак, додава дека тоа што е веќе направено не може да се реши преку ноќ.

-Ние сме многу отворени и транспарентни. Како никогаш досега прв пат под мое водство сите истражни органи влегоа на Онкологија за да се испита точно што е проблемот. Е сега, ние не можеме таму да се мешаме – рече министерот.