НИШТО ОД РАЗДОЛЖУВАЊЕТО НА ТЕТОВО : КАСАМИ ЗА САМО ПОЛОВИНА ГОДИНА ,,УСПЕА” ДА ДОДАДЕ НАД 1 МИЛИОН ЕВРА ДОЛГ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО!

0
356

Првиот човек на општина Тетово синоќа во јавен настап изјави дека го намалил долгот на општина Тетово за четири милиони евра од периодот додека бил на чело на оваа институција. Но, вистината е сосема поинаква од она што го кажува Касами.

Од сигурни извори во општината, порталот indeks.mk дознава дека долгот всушност е зголемен за 1 милион евра од доаѓањето на Касами на чело на општината.

Според веродостојните информации што ги поседува порталот index.mk во декември 2021 година кога Касами беше на чело на општината, долгот во однос на обврските на општината, без јавните претпријатија, на крајот на 2021 година изнесувал 836.926.346 милиони денари, но од тој момент според нивните извори, долгот до август 2022 година достигнал 860.738.309 милиони денари.

Со проста математика излегува дека за половина година, Билал Касами обврските на општината ги зголемил 23.811.963,00 милиони денари, без да ги вклучи јавните претпријатија. Доколку, овие средства ги претвориме во евра, излегува дека долгот на општината е зголемен за 387.186,00 илјади евра, пренесува ексклузивно indeks.mk.

Ако ги погледнеме и останатите долгови поврзани со кредитите што ги добива општината, доаѓаме до заклучок дека и овде има зголемување.

Односно, сумата што Касами ја наследил во 2021 година изнесувала 147.793.148,00 милиони денари, но за шест месеци оваа сума достигнала 185.579.854,00 милиони денари. Така, во рок од шест месеци оваа сума е зголемена за 37.786.676,00 милиони денари, кои ако ги претвориме во евра, излегува дека долгот по кредит на Тетово е зголемен за 614.417,00 илјади евра.

А ако се додадат двете зголемувања, ќе се види дека општина Тетово за само половина година на чело со Билал Касами, го зголемила јавниот долг за 1.001.603,00 евра.