(ВИДЕО) СДСМ Штип: Условите во Клиничката болница во Штип потврда за хаосот во здравството

0
1029

Срушениот здравствен систем во Македонија е резултат од десет годишното владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Игнорантскиот однос кон реалните потреби на пациентите и здравствениот персонал е причината поради којашто Македонија според индексот на здравствени услуги се најде на последното место во Европа.

Македонија, според Еуростат е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа. Во земјава умираат 14 новороденчиња на 1.000 живородени“, рече Д-р Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

„Катастрофалните услови за лечење на пацинетите и за работа на докторите во Клиничката болница во Штип е уште една потврда за хаосот во здравството.

Најавите за изградба на нова Клиничка болница никогаш не се реализираа.

Но, затоа пациентите и понатаму се лекуваат во мизерни и крајно недостоинствени услови, почнувајќи од недостигот на основни средсва, материјали и лекови, па се до преполните болнички соби со 10-12 кревети, лоши хигиенски услови, простории полни со мувла.

Пациентите коишто боледуваат од малигни заболувања како и дијабетичарите, постојано се соочуваат со недостиг на лекови коишто се неопходни за нивниот живот. Огромен е бројот и на оние коишто молат за помош за лекување во странство.

Клиничката болница во Штип којашто во источниот регион годишно прима околу 150.000 пациенти, во текот на изминатите години единствено беше простор за дефиле на Тодоров кој секојдневно сечеше лента за отпочнување на градба на новиот објект и промоција на медицински апарати коишто никогаш не беа пуштени во употреба.

Ниту една започната работа не го дочека својот завршеток. Таков е случајот и со акцелераторот за зрачна терапија.

 

Се потрошија 630 милиони евра, пари на граѓаните, со коишто ќе се решеа сите здравствени проблеми и потреби на граѓаните.

Со 300 милиони евра ќе се изградеа 10 нови, модерни клинички болници, со комплетна опрема и обучени кадри, што на државата ќе ѝовозможеше голема финансиска заштеда за лекување во странство.

Клиничката волница во Штип можеше да биде една од тие 10 болници.

Ваквите состојби во здравството и ниските плати се причина и за се поголемиот одлив на здраствените работниците надвор од границите на Македонија.

Дури 200 лекари годишно заминуваат од земјава. На Македонија и недостасуваат над 2.000 лекари за да може да го постигне минимумот за достапност на здравствените услуги до секој граѓанин.

За Никола Груевски здравјето на граѓаните не беше важно, за него беа важни само тендрите и провизиите од споменици тешки 630 милиони евра.

Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на дирекнта штета на здравјето на граѓаните.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните“, рече Д-р Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип