Венко Филипче : Отворивме нов Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации

0
719

Тука ќе се обезбедуваат централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува во случаи на настани и вонредни состојби поврзани со јавното здравје.

Се заблагодарувам до Светската Здравствена Организација која во целиот овој изминат период ни е огромна поддршка. Ни помага околу операционализацијата на Центарот и обезбедува технички насоки и еден експерт за јавно здравје кој ќе биде составен дел од националниот тим. Оваа поддршка ја овозможи организацијата USAID која обезбеди неповратна помош за оваа намена.