МАРИЧИЌ : НАШАТА ЕВРОПСКА ИДНИНА Е РЕАЛНОСТ

0
667
На трбината „МК во ЕУ до 2030“, во организација на Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции на СДСМ, на која учество зеде и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ рече дека опозоцијата постојано сее страв и паника кај граѓаните, заплашувајќи ги дека се изгубени нашите идентитетските обележја, со цел да бараат и да ги доведат само до избори.
-Нивна е бајката за бугаризација, бајката за бришење на идентитетот, бајката дека Фронтекс нема да се потпише и дека сме се откажале од јазикот, додаде Маричиќ.
Тој посочи дека европската иднина е реалност и македонската европска приказна се темели на реални факти, проекции, ветувања на веќе постигнати резултати.
-Она што го сакаме е побрзо и повеќе да постигнеме од она каде се денес Чешка, Сливачка, Романија, Бугарија и Хрватска укажувајќи дека во минатото не оделе толку многу луѓе кои одат на работа во овие држави, а денеска одат многу повеќе.
-Хрватска денес одат многу затоа што само минатата година имаше 15 милијарди евра приход од туризмот, затоа што за само 10 години членство во Унијата повлече 25 мијади евра европска помош за инфраструктура, земјоделие, туризам и бизнис, рече Маричиќ, порачувајќи дека за тоа е борбата и потребата од членство во Унијата, за како што кажа тоа се европски пари за да изгледаме како сите останати држави членки на ЕУ, за ,,современа, модерна и демократски развиена држава”.