КОВАЧЕВСКИ : СИЛЕН СДСМ ВО СОБРАНИЕТО Е ПОТРЕБЕН ЗА ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ВМРО ПОВТОРНО ДА ВЛАДЕЕ НЕКОНТРОЛИРАНО

0
92
Потребен е силен СДСМ во Собранието за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано и да се коцка со иднината, стабилноста и безбедноста на државата, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Радовиш.
Тој потенцираше дека СДСМ на изборите на 8-ми мај оди заедно со граѓаните кои веруваат дека Македонија има капацитет да изгради подобра и просперитетна иднина во ЕУ.
„Никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да ја уназадува државата. Никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да си игра со иднината на нашите деца. СДСМ на овие избори оди заедно со граѓаните кои веруваат во европска Макеонија и кои се подготвени да се борат за таа иднина“, рече Ковачевски.
Лидерот на СДСМ, кој е и носител на листата во Изборната единица 1, ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.