ВОДА СТОИ ДОКТОРОТ НЕ СТОИ – ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ИЗВРШИ ЛИЧНО УВИД ВО ПРИЛЕПСКИОТ КОВИД 19 ПУНКТ

0
820

Согласно сите протоколи за успешно одвивање на процесот, денеска стартуваше масовната вакцинација во општина Прилеп, во регионалниот вакцинален пункт во спортската сала на СОУ„ Ѓорче Петров“. Досега, ниту еден од граѓаните кои примија вакцина, не се пожали на непосакуван ефект од вакцинирањето. Се надевам дека така ќе продолжи и во иднина.

Уште еднаш упатувам апел до граѓаните, да се регистрираат на онлајн страната www.vakcinacija.mk и преку системот „Мој термин“ ќе бидат упатувани за вакцинирање во прилепскиот пункт. Моите очекувања се дека сите заинтересирани граѓани, ќе бидат вакцинирани во наредните два до три месеци.

Регионалниот вакцинален пункт во Прилеп, е со капацитет за вакцинирање на 1.000 граѓани дневно. Сепак, во текот на денешниот и утрешниот ден, согласно протоколите, бројот на добиени вакцини и закажаните термини за вакцинација, со вакцината на „Астра Зенека“ ќе бидат вакцинирани по 500 граѓани, над 60 годишна возраст.

Масовната вакцинација, е почетокот на крајот на пандемијата со ковид-19.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Прилеп,  Илија Јованоски.