Home Македонија КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ : ПОДИГНАТИ 30 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ...

КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ : ПОДИГНАТИ 30 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ

0
281


Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија дваесетина диви депонии лоцирани во општините Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир и Карпош. Во општината Аеродром, активностите се одвиваа на улицата Венијамин Мачуковски и булеварот Видео Смилевски-Бато, во општината Чаир се расчистуваа дивите депонии на улицата Методија Митевски, додека во општината Центар беше отстранет непрописно одложен отпад на улицата Кирил и Методиј и во реонот на скопското Теќе.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на викендот отстрани и неколку диви депонии лоцирани во населбите Козле и Трнодол во општина Карпош, како и на повеќе локации на главната улица во општината Ѓорче Петров. Подигнати се вкупно 30 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад одложен на јавни и сообраќајни површини.