ГОСТИН НА СВАДБА ВО ОХРИД ПУКАЛ СО ПИШТОЛ, ПОВРЕДЕНИ ДЕТЕ И ВОЗРАСЕН

0
453

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера на свдабена веселба во Охрид биле повредени едно дете и негиовиот татко, откако еден од госите на свадбата пукал со пиштол.„На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино“ во Охрид, К.Б.(60) од Охрид, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиметри. Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека полициски службеници од СВР Охрид извршиле увид, при што од К.Б. одзеле пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99“, карабин „Југословенски маусер“, ловечка пушка „Бајкал“ и дозвола за оружјето.„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“