Премиерот Заев на конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија”: Ова е значаен јубилеј достоен на европските вредности

0
878

Конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија” одбележува значаен јубилеј достоен на европските вредности за почитување на различностите и за единство на сите разлики на Европа. Тоа го прави нашиот континент уште поубав и пример за почитување на правата на секоја етничка заедница во европското семејство. Тоа е голема вредност, истакна Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на овој настан што e во организација на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија.