ТРЕНЧЕВСКА : АКТУЕЛНАТА МЕТОДОЛОГИЈА ОБЕЗБЕДУВА ПОСТОЈАН РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ОБЕЗБЕДУВА ПОСТОЈАН РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ, ПРОТЕСТИТЕ НЕ СЕ РЕШАВААТ

0
898

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за порталот Рацин.мк вели дека протестите на пензионерите за повисоки пензии не се решение, а актуелната методологија за порамнување на пензиите обезбедувала историски најголем и континуиран раст на пензиите.

-За сметка на оваа нова методологија пензиите растат во континуитет. Да потсетам дека со претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9 отсто, а со новата, актуелна методологија, пензионерите добија повисоки пензии за околу 21 отсто, истакнува Тренчевска.

Таа потсетува дека во септември 2022 година порастот беше 6,8 отсто, во март оваа година 8,4 отсто и дека според моменталната проекција за септември 2023 година се најавува раст за најмалку 6 отсто.

– Тоа е раст на пензиите од околу 21 отсто, или раст за околу 24 отсто од јануари 2022 до септември 2023 година. Односно за времето од овој владин состав. Посебно треба да се истакне дека пензиите редовно се исплаќаат без задоцнување, што преставува основен и сигурен извор за егзистенција на корисниците на пензија, вели министерката.