ДЕМОКРАТСКА ДИСКУСИЈА НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН: ЗАКАНИ ОД ИНВЕСТИТОРИТЕ КОН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЦИЈАТА КАЈ ТРЕСКА

0
641

Општина Центар соопшти дека на вчерашната седница на Советот, во прилог на допис доставен од Агенцијата за планирање на просторот, било изнесено и известување од инвеститорите и сопствениците на земјиштето кај Треска со закана за кривични пријави против советниците и градоначалникот ако ја продолжат постапката за тендер и ако ги суспендираат постојните урбанистички планови.

Како што објаснуваат од општината, дописот што се разгледувал од Агенцијата за планирање на просторот всушност бил одговор на покана за делегирање на членови во тендерските комисии за идејно решение за локацијата на поранешна Треска.

Во одговорот, од Агенцијата наводно без образложение посочиле дека нема да делегираат членови ниту во тендерските комисии (комисија за јавни набавки и жири комисија за избор на идејно решение).

Како што велат од општината, во меѓувреме тие се обратиле до Архитектонскиот факултет при Универзитетот Американ Колеџ и оттаму добиле двајца членови на комисиите.

За дописот од сопствениците и инвеститорите, доставено преку ополномошен адвокат, од општина Центар велат дека претставува груба и директна закана кон Советот и советниците на Општина Центар. Во овој допис сопствениците и инвеститорите инсистирале тендерската комисија да не го спроведе тендерот, но и да не ги суспендира постојните детални урбанистички планови.