БУГАРСКИ ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА СЕ НАСОЧЕНИ ДА ПОМАГААТ ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕ ВО ПЕХЧЕВО

0
666

Пристигнаа 5 противпожарни возила на критичното подрачје кај маалото Пасјак во село Нов Истевник. Одлучено е 4 возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак.

Со колоната возила видливи беа и автомобили на Дирекцијата за заштита и спасување кои ја предводеа колоната на патот кон Пехчево. Се очекува веднаш по пристигнувањето да се вклучат во гаснењето на пожарот кој се забележува на 5 километри пред влезот на Пехчево.