КОНЕЧНО СКРШЕН ОТПОРОТ НА ДПМНЕ: Закажана седница за одложување на изборите во 23.30 часот, ДПМНЕ прифатила избори на 5-ти јуни и ветила исполнување на сите барања на Питер Ван Хојте!

0
1380

Според последните информации на Телма, собраниската седница на која ќе се одложи распуштањето на парламентот и изборите, ќе се одржи во 23:30 часот.

Според изворите на Телма, СДСМ го прифаќа 5 јуни како датум за избори, а за возврат на тоа ВМРО – ДПМНЕ прифаќа да се постигне договор за регулација на медиумите и прифаќање на предлозите од белгискиот експерт Ванхауте.

Инаку, претходно, ВМРО-ДПМНЕ упорно тврдеше дека има услови за фер и демократски избори на 24 април, и ги отфрлуваше сите забелешки, меѓу кои и оценката на ЕУ и САД која во неделата ја пренесе американскиот амбасадор Џес Бејли, оценувајќи ја како политичка. Партијата најави и дека нема веќе да соработува со Ванхауте, прогласувајќи го само за турист во Македонија.

Grujo-vika-smetka

Ова со сигурност е најголемата политичка бламажа за еден политичар во нашата историја. Тешко е до непробол да си Грујо овие денови… Жао ни је патору, ал че тек да ти биде лошо!!! Ово је само почетак!