(ВИДЕО) Локвенец : ВМРО-ДПМНЕ да не се инаети, да не биде против НАТО, Законот за одбрана е важен, да го преиспита својот став за блокади

0
1320

Прес конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ 

На денашната седница во Собранието, меѓу останатите точки е и Законот за одбрана, системски и закон важен за целосно усогласување со НАТО стандардите.

Со измените на овој Закон се опфаќа и Протоколот 5 кој се однесува на трансфер од индивидуална самоодбрана во колективна одбрана или „напад на една земја членка се сфаќа како напад на секоја поединечно или на целиот пакт“ како и процедурите за барање помош од сојузниците во случај на безбедносни ризици.

За овој закон е потребно двотретинско мнозинство и затоа потребно е да го поддржат сите пратеници.

Сепак, ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на овој закон уште еднаш го покажува докажува лицемерието и лажниот патриотизам во кои е западната опозициската партија.

Со најавите дека нема да го гласаат Законот за одбрана Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ делуваат против еден од најважните закони поврзани со усогласувањето со НАТО стандардите.

На Мицкоски и пратениците на опозициската партија не им пречи кога во Европската народна партија, се партија од Република Северна Македонија,но уставното име им пречи во Законот за одбрана кој е важен за усогласување со стандардите на НАТО.

Залудни се нивните лажни изговори за деструкциите што ги прават.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски секојдневно покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција.

Веќе извесно е дека стануваме 30 земја членка на НАТО и тој успех сите го честитаа и поздравија, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да го закочат тој процес.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да го преиспитаат својот став за измените на законот.

Додека се остваруваат стратешките инереси на државата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски тераат дневна политика, заглавени во деструктивното однесување.

Мицкоски е ист како Никола Груевски. Лажен патриотизам, лицемерие и деструкција, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа на 12 април граѓаните повторно ќе ги поразат нивните антизападни и антидржавни политики и ќе потврдат дека државата продолжува на вистинскиот пат кој води до полноправно членство во НАТО и забрзана интеграција во ЕУ.