ШОКАНТНО: ОРТАЦИТЕ Грујо и Али имале намера кризата да ја решат со насилно сечење на јазолот со предвремени избори кои со голема сигурност ќе ги бојкотира опозицијата!

0
1011

Порталот Нова се повика на извор според кој Али Ахмети најавил дека можеби ќе се одлучи да излезе од владината коалиција. Но, истиот извор прецизира дека треба да се почека утрешниот ден за да се види дали намерата на Ахмети ќе стане реалност.

ali-ahmeti-gruevski-500

Доколку тоа се случи, тоа може да донесе две опции. Првата се брзи предвремени избори на кои целата опозиција најверојатно нема да учествува поради нивните ветувања дека нема да учествуваат во избори кои ги организира владата на Груевски. Но според втората, тоа не значи дека мора брзо да има избори и ќе можат да се почекаат договорените предвремени избори за април идната година. Во текстот потецирано е и дека на вчерашниот состанок никој не сакал да му попушти на другиот.

-Ако се сакаше договор тоа можеше вчера да се направи. Но очигледно дека никој не сакаше договор. На масата имало многу предлози во кои можеше да се најде решение на релативно лесен начин. Но, до тоа не дојде и нема да ви откријам ништо ново ако ви кажам дека не само комесарот Хан туку и целата екипа на ЕУ е многу разочарана од вчерашниот неуспех – изјавил извор за  Нова.

За Брисел ова не значи дека Комисијата крева раце од желбата да ја врати Македонија на вистинскиот колосек и да се организираат фер и слободни избори како што беше договорено во Скопје – на крајот на април 2016 година.