ПЛАЖА ОД АЛБАНИЈА Е НА ЛИСТАТА СО 50 НАЈПОПУЛАРНИ ПЛАЖИ ВО СВЕТОТ!

0
666

Светската туристичка платформа ,,Big 7 travel” ја објави годишната листа со 50 плажи кои се најдобри на светот. Листата се формирала според впечатоци на уредниците на платформата, популарност на социјалните мрежи и според плавото знаме.На прво место е Белата плажа на Филипини, на второ е плажата Кабо Сан Јуан во Колумбија, а на трето е плажата Јалоуси во Света Луција.

На листата годинава се наоѓа плажа од Грција, но и една плажа од Албанија, која станува се попопуларна дестинација за Македонците.
Се работи за плажата Gjipe beach, која е опкружена со ридови и до која пристапот не бил лесен, но како што е објавено на туристичката платформа, се исплатил трудот да се дојде до неа.

Се доаѓало со кола или пак со чамец, водата била многу бистра, а наоколу имало и пештери. Плажата е на околу два часа со автомобил од Валона и е на 22-ро место на листата. Кога се грчките плажи во прашање, на листата со 50 најдобри е Navagio beach во Закинтос, на седмо место, до која се доаѓа само со брод, а турската Butterfly valley е на 17-то место. Годинава на листата нема плажи од Црна Гора и од Хрватска.