БУГАРСКИ НАВИВАЧ НА ,,ЛЕВСКИ” ОД СОФИЈА ИЗБОДЕН СО НОЖ ОТКАКО СЕ СТЕПАЛ ПРИ КОНФЛИКТ НА НАТПРЕВАРОТ СО ,,ШКУПИ”

0
552

Навивач на фудбалскиот тим „Левски“ е во болница по тепачка меѓу активисти во Скопје, јавува Бугарската национална телевија.

Вечерва „сините“ играат натпревар против македонскиот „Шкупи“.

Повредените се движеле надвор од одредената патека за навивачите. Дошло до конфликт со навивачи од Северна Македонија, по што еден од Бугарите бил избоден со нож.

Според БНТ, нема опасност по неговиот живот, тој е пренесен во болницата „Мајка Тереза“, каде што е на лекување.

Тепањето се случило во населбата „Чаир“, каде живеат само етнички Албанци, пишува „БНТ“.

Од бугарското МНР соопштија дека се информирани за инцидентот и ја следат ситуацијата. Бугарскиот амбасадор во Македонија веќе остварил разговор со надлежните органи и инсистирал на итно расветлување на случајот и обезбедување на безбедноста на бугарските навивачи.

Бугарскиот конзул во Скопје го посетил повредениот Бугарин во болница. Според достапните информации моментално се расчистува неговата состојба, но нема ризик по неговиот живот, јавува бугарскиот медиум.