МЕГА ИЗМАМАТА И ГРОТЕСКАТА НА ДЕЦЕНИЈАТА ,,ПАНОРАМА” НА ГРУЈО И ЉУБЧО ПОЛЕКА ИЗЛЕГУВА НА ПОВРШИНА, Љубчо се враќа во ВМРО-ДПМНЕ!

0
2406

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, речиси договориле пак да бидат заедно, дознава Либертас од извори на партијата на Георгиевски.
На Груевски сега после бомбите и појавувањето на амстердамската тројка и дистанцирање на старите вмровци од неговите политики, повторно му е потребен линк со тие што претходно или ги избркал или ги маргинализирал.

21687mala

Прв во јавноста сигнали за затоплување на односите на лутите партиски непријатели, испрати некогаш почесниот претседател ,Љубчо Георгиевски, кој по бркањето од партијата што ја формираше мораше да формира нова, ВМРО-НП.

Партијата на Георгиевски постојано беше таргет на моќниот Груевски и практично му го купуваше секој што ќе посакаше, не дозволувајќи да зајакне, туку напротив да биде маргинална.

Бомбите на опозицијата,откако претходно ВМРО-НП отпадна од опозициската коалиција, беа повод Георгиевски да искористи шанса да застане на страната на неговиот наследник, Никола Груевски.Следно беше шокантниот предлог на Георгиевски да се прогласела општа амнестија за сите евентуални криминали и да сме гледале во иднината на државата.

Јавноста остана збунета и од потегот на владата на градежна фирма да и го продаде плацот на брегот на Вардар под Калето за да изградел хотел во барок стил.

Дилот беше чуден, Груевски му дава плац на, барем јавно лутиот непријател, а Љубчо од жесток критичар на антиквизацијата на државата прифати да биде сопственик на хотел во барок.

Георгиевски ја одмолче и аферата што ја отвори опозицијата за Македонска банка и аудио снимките од кои се слушна како Груевски, како нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бара еден ипол милион евра за да му го продаде партискиот удел во неа.

За аферата прислушкување Георгиевски се појави во јавноста во обид да релативизира напаѓајќи го Верушевски со негово “сеќавање“ дека Верушевски и него, како Мирка, го викнал на гости и му пуштал снимки од телефонски разговори, сакајки да докаже дека не Мијалков и Груевски, туку структури во УБК предводени од Верушевски прислушувале цело време.

Georgievski-Gruevski1

Изворите на Либертас тврдат дека најверојатно идната недела можно е да биде објавена коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП. Георгиевски и Груевски веќе постигнале договор, но се уште во редовите на партијата на Георгиевски имало противници на таков дил.

Според партиски извори, Георгиевски издејствувал  неговите најблиски соработници или нивните деца да добијат вработување во јавната администрација.

Од партијата на Георгиевски тврдат дека сите овие години, иако Груевски и Георгиевски воопшто не комуницирале, приходот од партискиот имот се делел братски, односно Груевски отстапувал дел и за ВМРО-НП односно за Љубчо Георгиевски.

Колку има вистина во тврдењето дека е само прашање на денот на објавување на новата вмровска коалиција, ќе покаже времето.