- На прашање од уредникот на ,,Инфомакс”, Александар Митовски до Вицепремиерот на Владата Артан Груби зошто Коридорот 8 и 10 Д не е доделен на ,,Гранит” тој одговори дека ние како држава веќе 31 година градиме по тие процедури и дека не можеме да изградиме повеќе од 5 до 5 ипол километри годишно.
Груби изјави дека со овој модел кој што е донесен од страна на Владата со црвен модификуван фидик што во превод фидик значи тип на договор ќе изградиме од 20 до 25 километри годишно, гаранцијата на ,,Бехтел и Енка” е 23 километри годишно.
Сакаме да изградиме патишта додека јас и ти можеме да возиме, изјави Вицепремиерот на Владата Артан Груби во интерјву за ,,Инфомакс” во ,,Мрежа”.