Никола Димитров: Да ги дигнеме на нозе демократијата, правдата и честа, па нека победи било кој!

0
1445

Македонија е узурпирана, нападната од голата себична желба за власт, пари и привилегии. Нападот е длабок и одбранбените функции на организмот (фер и слободни избори, независно судство, независни медиуми, парламентарна контрола) се зафатени од болеста. Власта и нејзините мегафони, за кои постојат сериозни наводи дека се исто така со рацете во медот, од петни жили труби дека нема болест, дека злобната опозиција измислува, за да не се разбудат граѓаните. Се крие зад нив, се крие зад народот, често зборувајќи во негово име: народот знае, народот ќе ги казни тие што ја открија болеста. Притоа, се плашат да му дадат слобода на избор, се плашат да му дадат глас на народот, за да се спасат од одговорноста

Вистинските пријатели, како и добрите доктори, во такви ситуации се искрени, даваат дијагноза и препорачуваат третман и лечење. Тие кои молчат, било од страв, било од самозалажување поради сопствениот морал, небаре се е во ред со здравјето на нацијата, се за жал на страната на болеста. Затоа, Питер Ванхауте, и многу други пред него, кои сакајќи да и помогнат на земјата, зборуваат отворено, власта ги прогласува за непријатели. Бидејќи се непријатели на болеста.

Соочувањето со реалноста, вистината, е тешко и боли. Секоја лоша вест за Македонија боли. Ама патот кон подобро секогаш почнува со прифаќање на реалноста. Прифаќањето на реалноста дека демократијата во Македонија е болна и и треба помош за да застане на нозе. Благодарам Питер што си и пријател на нашата демократија и што си и непријател на болеста! Да ги дигнеме на нозе демократијата, правдата и честа, па нека победи било кој!

Никола Димитров
фејсбук статус