СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ СО КОЈ СЕ ОВЛАСТУВА ВЛАДАТА ДА ГИ ГРАДИ КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д СО СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР

0
1176

Собранието го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија и по скратена постапка.

Законот предложен од група пратеници, треба да овозможи реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата “Бехтел и Енка” како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер.
Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10Д, како капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата.