„Хрватска покажа како ги почитува своите величини за разлика од нас. Замислете на прошталниот меч на Горан Пандев во Амстердам, не најдоа за сходно да ги повикаат семејствата на фудбалерите, а посебно семејството на Горан и неговите деца зашто тоа беше негов последен меч.
Ама важно авионот го наполнија со – ноу-нејм имиња. Уште и лажеа дека во Букурешт (првите мечеви на Еуро 2020 – н.з.) биле платени сместувањата за нашите семејства, ама ние ги имаме сметките, сите фудбалери ги имаат сметките дека сами си ги покривме трошоците за сместувањето на нашите семејства. За разлика од разно-разните гости кои беа на трошок на федерацијата и сега не може ни да ги најдат и да ги покажат тие сметки“.
Екс селекторот на ФФМ, Игор Ангеловски во интервју за 24фудбал.