БОМБА НА АНГЕЛОВСКИ : ОТКАКО УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФФМ СИ ДОДЕЛИ ПО 20.000 ЕВРА ПРЕМИИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА КОЦКАРСКИ ДОЛГОВИ, НЕКОИ ФУДБАЛЕРИ ОСТАНАА СО ПОМАЛКУ ПАРИ А ПАНДЕВ ЗАМИНА ВО ФУДБАЛСКА ПЕНЗИЈА БЕЗ ОДДАДЕНО ПРИЗНАНИЕ!

0
674

„Тоа делење на премиите мина без капитенот и селекторот, а учествуваше претседателот, па се делеа премии за расчистувања на коцкарски долгови и за жал некои од фудбалерите во репрезентацијата останаа со помалку пари. Пандев замина во пензија, цел свет му се поклони, сите клубови му оддадоа признание, му кажаа благодарам, а само ФФМ беше единствена која ништо не направи.

Па, и таа традиција од 30 години со доделувања на награди за најдобрите во годината ја откажаа. Сега се надевам дека годинава ќе ја направат, зашто беше успешна и ќе си поделат награди за победите со Гибралтар. Уште и (рас)кажуваат после моето заминување дека атмосферата во репрезентацијата не била добра, а еве сега нека кажат – каква е атмосферата во репрезентацијата? За да си го затскријат неуспехот сакаа и вината да ја префрлат врз двајца репрезентативци за кои можам да кажам дека секогаш гинеле за Македонија и повредени доаѓале да играат за А-тимот додека бев јас селектор“,

Екс селекторот на ФФМ, Игор Ангеловски во интервју за 24фудбал.