СО ПОДДРШКА НА УСАИД, СИСТЕМСКИ ЌЕ СЕ БОРИМЕ СО КОРУПЦИЈАТА, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: ВОВЕДУВАМЕ АНОНИМНО ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА

0
159
“Правиме уште еден храбар чекор кон подобрување на услугите кои ги добиваат граѓаните. Воведуваме електронски систем за онлајн поднесување и следење на пријави” – информираше вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Овој систем се имплементира како дел од владиниот план за борба против корупцијата со поддршка на УСАИД и треба да ги охрабри граѓаните активно да пријавуваат, со лична заштита и целосна анонимност.
Николовски рече дека станува збор за брз, ефикасен, модерен и анонимен начин каде граѓаните ќе може да испратат пријава за која било услуга, институција, како најавени корисници или како анонимни лица.