СОБРАНИЕТО ГИ ДОНЕСЕ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ: ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЗА ДОМОВИТЕ ЌЕ СЕ ОДАНОЧУВА СО 5% ДДВ

0
1218

Собранието ги донесе измените на Законот за додадена вредност. Даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18% на 5%. Намалената стапка согласно законското решение ќе се применува со денот на влегување во сила на Законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се’ до 30 јуни 2022 година.

По овој датум во наредната година, односно од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година ќе се применува повластена даночна стапка од 10% за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Целта на воведување на повластените даночни стапки за прометот на електрична енергија кон домаќинставата е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.