КАКОВ ГРОЗОМОРЕН СКАНДАЛ-ТРГОВИЈА СО ДЕЛОВИ ОД ТЕЛА : МАЈКА И ЌЕРКА ИСКАСАПИЛЕ 560 ПОЧИНАТИ, ПРОДАВАЛЕ ГЛАВИ И ЕКСТРЕМИТЕТИ НА ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТРИ, ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ СЛУЧАЈ ВО ИСТОРИЈАТА НА САД

0
616

Поранешна сопственичка на погребална куќа во Колорадо е осуденана 20 години затвор за измама на роднините на починати, при што е направена секција на 560 тела и продажба на деловите од телата без дозвола. Меган Хес (46) се изјасни за виновна за измама во јули.

Нејзината 69-годишна мајка, Ширли Кох, исто така се изјаснила за виновна за измама и била осудена на 15 години. Нејзината главна улога била секцирање, покажуваат судските записи. „Хес и Кох повремено го користеа својот погребен дом за да украдат тела и делови од тела користејќи лажни и фалсификувани донаторски обрасци“, рече обвинителот Тим ​​Неф во судската пријава. „Акциите на Хес и Кох предизвикаа огромна емоционална болка за семејствата и најблиските“.

„Најисцрпувачкиот случај“ Федералниот случај беше поттикнат од истражувачкиот серијала на Ројтерс од 2016 до 2018 година за продажба на делови од телота на починати во САД, практично нерегулирана индустрија.

Поранешните работници изјавија за Ројтерс дека Хес и Кох извршиле неовластени обдукции, а неколку недели по објавувањето на приказната во 2018 година, компанијата била претресена од ФБИ.

Во нивното поднесување, обвинителите ја нагласија „грозната природа“ на планот. „Ова е емотивно најтешкиот случај што сум го видел да оди на судење“, рече американската окружна судијка Кристин М. Аргуело за време на изрекувањето на пресудата во вчера.

„Судот е загрижен поради тоа што обвинетата Хес одбива да преземе каква било одговорност за нејзиното однесување. Судијата нареди Хес и Кох веднаш да бидат испратени во затвор.