СЛОБОДНО ПАТУВАЈТЕ ВО ШЕНГЕН ЗЕМЈИТЕ КАКО И ДОСЕГА – СИСТЕМОТ ETIAS, ПРОВЕРКИТЕ И СЕДУМТЕ ЕВРА СТАРТУВААТ ОД НОЕМВРИ

0
1854

Инаку, вкупно 23 од 28-те земји-членки на ЕУ се дел од Шенген зоната. Од петте членки на ЕУ кои не се дел од Шенген зоната, три, односно Бугарија, Кипар и Романија, законски се обврзани да се придружат, додека останатите две – Ирска и Обединетото Кралство не учествуваат во договорот. Четирите земји-членки на ЕФТА, односно Исланд, Лихтеншајн, Норвешка и Швајцарија, не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген-зоната. Монако, Ватикан и Сан Марино се де факто дел од Шенген зоната. Шенген-зоната има население повеќе од 400 милиони луѓе.

На стартот на годинава, како што е познато, во Шенген зоната влезе Хрватска, додка Романија и Бугарија не беа примени.Фактор се обрати до Министерството за надворешни работи за да прашаме кога стартуваат овие процедури. Оттаму велат дека тоа ќе се случи дури во ноември, но нашата држава заедно со другите од Западен Балкан, ќе бара ние да бидеме изземени од овој систем.„Нема никакви промени во начинот на патување на сите државјани на Република Северна Македонија, кои слободно можат да патуваат во било која земја на Европската Унија, соодветно на безвизниот режим на Унијата со земјава“, велат од МНР.Од овој ресор, во својот одговор за Фактор, се децидни дека операционализацијата на т.н. „Etias“ систем, не претставува никакво ограничување на патувањето, туку административна процедура со која државјаните на трети земји кои имаат визна либерализација, ќе треба да се најават за влез во ЕУ пред нивното патување и тоа само еднаш во три години.

„Според сегашните најави од Брисел, овој систем се очекува да биде оперативен од ноември 2023 година, а во рамките на дипломатските активности на земјите од регионот, постои интерес на земјите од Западен Балкан заеднички да настапат кон ЕУ за истите да бидат изземени од оваа одлука“, се вели во одговорот кој вчера го добивме од Министерството за надворешни работи.А што нпишале од ЕУ за ETIAS системот?„Има многу земји кои не се во Европската унија (ЕУ) чии граѓани можат да влезат во Шенген зоната на ЕУ без потреба од виза. Поточно, во моментов има 63 земји кои не се во ЕУ, но се без визи“, напишале од ЕУ.Натаму, како што додаваат, на граѓаните на овие земји им е дозволено да одат во земјите во Шенген зоната за деловни или патни цели до 90 дена. Во текот на овие 90 дена, овие посетители не можат да работат или студираат, но можат да се занимаваат со деловни и туристички активности.

„Покрај тоа, неодамнешните безбедносни грижи со тероризмот и мигрантската криза повикаа на подобро управување со тоа кој влегува во границите на ЕУ. ЕУ континуирано ја декларира својата цел да го направи патувањето во нејзините граници побезбедно искуство.За да ги намали процедурите и времето на чекање и да одговори на безбедносните проблеми, Европската комисија (ЕК) излезе со решение – ETIAS“, се вели во статијата.Што е ETIAS? ETIAS е кратенка за Европски систем за информации и овластување за патување„Станува збор за целосно електронски систем кој овозможува и води евиденција за посетителите од земјите на кои не им е потребна виза за влез во Шенген зоната. На некој начин, тој наликува на американскиот електронски систем за овластување за патување (ESTA), кој служи за слична цел“, велат од ЕУ.

Правните процедури за усвојување на ETIAS започнаа во 2016 година, а системот се очекува да биде целосно оперативен во ноември 2023 година, стои на веб страницата.„ETIAS ќе подлежи на детална безбедносна проверка на секој апликант за да се утврди дали може да им биде дозволен влез во која било земја од Шенген зоната. Додека граѓаните на земјите на кои не им е потребна виза за патување до 90 дена во ЕУ не треба да поминат низ долг процес на аплицирање за виза, ETIAS ќе се погрижи овие луѓе да не претставуваат закана за безбедноста. Овој систем за овластување за патување ќе ги собира, следи и ажурира потребните информации во врска со посетителите за да утврди дали е безбедно за нив да влезат во земјите на Шенген.

ETIAS, освен што се користи за деловни и туристички цели, ќе им овозможи на луѓето да ги посетуваат земјите од Шенген зоната од медицински и транзитни причини. Дополнително, тој ќе биде задолжителен за сите земји кои се без виза за Шенген“, се вели во објаснувањето од Европската унија.Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за овј систем во 2016 годин рече дека ЕУ треба да знае кој ги поминува нејзините граници и на тој начин ќе знае кој патува во Европа, пред да стигне таму.

Главната причина за одобрување на овластувањето за ETIAS е безбедноста. Со зголемениот ризик од патници ширум светот, ЕУ сака да обезбеди безбедно патување во своите земји. ETIAS значително ќе ги намали безбедносните грижи преку своите системи за информации и собирање податоци. Ова значи дека ETIAS ќе открие дали некое лице е закана на кој било начин за безбедноста на земјите од Шенген. Ова ќе доведе до тоа на лицето да му биде забранет влез и да се избегне заканата да биде присутна во границите на ЕУ. Во основа ќе се справи со проблемот уште пред да биде таму.Или, се тврди дека овластувањето за ETIAS ќе им помогне и на земјите од ЕУ и на сите патници на следниве начини на тој начин што ќе се намалат процедурите и времето на аплицирање, ќе се подобри управувањето со границите на земјите на ЕУ, ќе помогне во откривање и намалување на криминалот и тероризмот, ќе се спречи неправилната миграција, ќе зајакне политиката за визна либерализација на ЕУ, или, како што велат, се на се, овластувањето за ETIAS ќе го направи патувањето во ЕУ помалку мачно и многу побезбедно искуство.

Овој систем не е во функција и во овој момент не се собираат апликации за овластувања за патување.„Апликантите ќе можат да аплицираат преку официјална веб-локација или апликација за мобилни уреди пред почетокот на работата на ETIAS и ќе треба да платат надомест од 7 евра“, се вели во известувањето.

Како функционира ETIAS?ETIAS ќе биде главно автоматизиран ИТ систем создаден за да ја идентификува безбедноста, неправилната миграција или високите епидемиски ризици предизвикани од посетителите ослободени од виза кои патуваат во земјите на Шенген, а во исто време да го олесни преминувањето на границите за огромното мнозинство на патници кои не претставуваат такви ризици. Државјаните кои не се членки на ЕУ, на кои не им е потребна виза за патување во Шенген зоната, ќе мора да аплицираат за овластување за патување преку системот ETIAS пред нивното патување.

Информациите собрани преку ETIAS ќе овозможат, со целосно почитување на основните права и принципите за заштита на податоците, однапред да се провери потенцијалната безбедност, неправилна миграција на високи епидемиски ризици.По пополнувањето на онлајн формуларот за апликација, системот ќе врши проверки на информациските системи на ЕУ за граници и безбедност и, во огромното мнозинство на случаи, ќе издаде одобрение за патување во рок од неколку минути. Во ограничени случаи, каде што се потребни дополнителни проверки на патникот, издавањето на одобрението за патување може да потрае до 30 дена.

Овластувањето за патување ETIAS ќе биде задолжителен предуслов за влез во земјите од Шенген. Заедно со патните исправи ќе го проверуваат граничарите при преминување на границата на ЕУ. Оваа претходна проверка на ослободени од виза граѓани кои не се членки на ЕУ ќе ги олесни граничните проверки; избегнување бирократија и одложувања за патниците при претставување на границите; да обезбеди координирана и усогласена проценка на ризикот за државјаните на трети земји; и значително да се намали бројот на одбивања за влез на граничните премини.

Благодарение на ETIAS, властите ќе добијат витални информации неопходни за проценка на потенцијалните ризици кај поединци кои патуваат во ЕУ и, доколку е потребно, овластувањето за патување може да биде одбиено. Земјите-членки на Шенген ќе можат поефикасно да управуваат со своите надворешни граници и да ја подобрат внатрешната безбедност. Патниците ќе имаат рана индикација за нивната прифатливост во Шенген-земјите, што ќе го олесни легалното патување преку Шенгенските граници.