МВРО-ВМРО НА ЧАВКОВ ВО НОВ СКАНДАЛ : Обвинителите од СЈО останаа без лично обезбедување, се снаоѓаат како ќе стигнат: Чавков има кривична одговорност за смената на шефот на „алфите“, Примислав Димитров кој се води како истражител на СЈО!

0
1084

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, со разрешувањето на Примислав Димовски од шеф на полициските „алфи“ го повредил членот 50 став 3 од Законот за кривична постапка, кој забранува разрешување и распоредување на друго работно место на истражител назначен со наредба на јавен обвинител. Министерот се соочува со кривична одговорност. Примислав Димовски се води како истражител во Специјалното јавно обвинителство.

Извори од СЈО за Сакамдакажам.мк потврдуваат дека нив никој не ги прашал дали може да биде сменет истражителот Димовски од работното место и да биде распореден на друго, што е противзаконско.

Во петокот, министерот Чавков на местото на Димовски го врати претходниот шеф на „алфите“, аболицираниот Ивица Анчевски – Пуки. Анчевски беше главен осомничен за измачување и нечовечно постапување при апсењето на Љубе Бошкоски и главниот лик во акционата драма на видеоснимката од тоа апсење.

На прашање, пак, кој ги чува обвинителите од Специјалното обвинителство сега по враќањето на првообвинетиот во случајот Тортура за шеф на „алфите“, извори од внатрешното обезбедувањето на СЈО изјавиле:

– Сега никој не ги чува обвинителите од СЈО како лично обезбедување. Се снаоѓаат.