„АЛКАЛОИД“ СО НАЈУБАВА НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА : АКЦИОНЕРИ ЌЕ ИМА ДИВИДЕНДА! КОЛКАВА ЌЕ БИДЕ?

0
477

Нето износот на дивиденда ќе биде објавен најдоцна до 9 март, а според досегашната традиција на континуиран годишен раст се очекува на ниво од 430 денари за акција. Тоа е принос до 2,5 отсто на вложеното, но не на годишно ниво туку за период од 4 месеци. Македонскиот фармацевтски гигант продолжува да биде пример за корпоративно информирање на своите акционери и на сите потенцијални инвеститори во неговите акции. На крајот од 2022 година „Алкалоид“ е првата домашна компанија чија акција котира на берзата, а која го објави финансискиот календар за 2023 година. Покрај другите информации веројатно најважната на прв поглед е потврдата дека ќе има дивиденда. Одлуката за дивиденда ќе биде донесена најдоцна до 7 април ќе се одржи акционерското собрание.

Акцијата на „Алкалоид“ ја красат два атрибути кои споредбената фактичка анализа го прави единствена акција. Едниот атрибут е што редовно дели дивиденда секоја година во конктинуитет подолг од една деценија. Другиот атрубит е тоа што дивидендата секоја следна година е повисока до најмногу 10 отсто во споредба со претходната година. Само за потсетување лани „Алкалоид“ подели 396 денари нето дивиденда по акција. За лани иако годината беше исклучително тешка и неизвесна заради кризата со цените на енергентите се очекува дивидендата на нето ниво да биде повисока барем за половина евро односно 30 денари за акција. Вложувањето сега, по пазарна цена, значи сигурен принос до 2,5 отсто од вложеното, но не за период од една година туку за четири месеци.

„Алкалоид“ на крајот на претходната година го објави и својот бизни план за оваа година. Според него консолидираната продажба е проектирана на 256 милиони евра што е за 10 отсто повеќе од 2022 година. Продажбата ќе ја следи и консолидираната нето добивка која е проектирана да порасне барем за 7 отсто во однос на 2022 година. Повеќе детали за најавите на „Алкалоид“ се достапни на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=61672
ИЗВОР : ФАКТОР.МК