ХАРАДИНАЈ : ПО САНКЦИИТЕ ОД САД ЗА ВУЛИН, КУРТИ СЕ ПЛАШИ ДЕКА ТОЈ Е СЛЕДНИОТ

0
416
Рамуш Харадинај – претседателот на Алијансата за иднината на Косово денеска изјави дека премиерот Албин Курти, откако САД воведоа санкции за шефот на БИА, Александар Вулин, се плаши дека тој е следен.

– Верувам дека по воведувањето на санкциите за Вулин, Курти се уплаши дека тој е следниот. Да не беше тоа, Курти сè уште ќе правеше акробации на север, предизвикувајќи проблеми и инциденти – изјави Харадинај.Додаде дека Курти знае дека ќе биде санкциониран доколку продолжи да го дестабилизира северниот дел на Косово.

– Курти знае дека ќе биде строго санкциониран доколку продолжи со своето дестабилизирачко, непотребно однесување. Англискиот амбасадор, кој е голем пријател на Косово, рече дека не ја разбира целта на специјалните единици во општинските згради. Нема да дозволат вакво однесување – додаде Харадинај.