СРЕДБА НА ЗЕЧЕВИЌ СО ЈОХАН ШМИДТ И ВИСОКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОЛАФ ПАЛМЕ МЕЃУНАРОДЕН ЦЕНТАР

0
464

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ-Вардарски, Меѓународниот секретар, Бојан Маричиќ и членката на ИО на СДСМ, Тања Томиќ доцна попладнево се сретнаа со Јохан Шмидт, Шеф на тимот за Европа на Олаф Палме Меѓународниот центар, Јонас Андерсон, Програмски менаџер за поддршка на политичките партии за Западен Балкан и Левенд Бичаку, Програмски менаџер за Косово и Северна Македонија.На средбата се разговараше за долгогодишната соработка и поддршка од Олаф Палме Центарот за социјал-демократските политики и вредности.

Генералниот секретар Зечевиќ се заблагодари за досегашната одлична соработка и изрази уверување дека со засилено темпо ќе продолжи и понатаму за јакнење на социјалдемократијата.

-Заедништвото, еднаквоста, солидарноста и јакнењето на социјалдемократијата во Европа се дел од нашите заеднички цели зад кои стоиме, рече Миле Зечевиќ-Вардарски.СДСМ продолжува да гради партнерски односи со сестринските партии, левичарски и социјалдемократски фондации во Европа и активно да учествува во процесите на унапредување и промоција на социјалдемократските вредности и демократијата во земјава.Како што рекол Олаф Палме “За нас демократијата е прашање на човечкото достоинство. А човечкото достоинство е политичка слобода, право на слободно изразување мислење и право да се критикува и да се формира мислење.”